Во низата сведоци на денешното рочиште за предметот “Титаник” се наоѓа и Ѕвонко Митров од Кочани. Тој во своето сведочење, како и претходните неколку сведоци, потврди дека никогаш до сега нема уплатено пари како донација кон политичката партија ВМРО ДПМНЕ.
“Уплатницта ја видов кога бев повикан на распит во СЈО. На неа беа моите податоци напишани со мојот ракопис, а останатите податоци не беа напишани од мене”, сведочеше Митров. Тој посочи дека не знаел дека се наоѓа на списокот за донации за партијата ВМРО ДПМНЕ и дека во негово име биле уплатиле 60 илјади денари во 2011 година.
Сведокот Митров при испрашување од страна на одбраната, истакна и дека претходно давал донации. “Сметав дека уплатницата која ја пополнив потекнува од претходните донации кои сум ги давал”, истакна Митров.
И.Р