Сведок во „Титаник“: За никоја политичка партија не сум донирала ниту еден денар

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Во Кривичниот суд Скопје денеска се одржува ново рочиште за предметот „Титаник“ кој се однесува на злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Поради тоа што поголемиот дел од сведоците не добиле покана, на денешното рочиште ќе сведочат двајца сведоци од предвидените осум.
Еден од сведоците на денешното рочиште е, членот на ВМРО-ДПМНЕ Лазар Настевски од Кочани една од фиктивните донатори на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во 2011 и 2013 година се нашол на листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа дека уплатила 60.000 денари, или 1.000 евра.

Настевски потенцира дека преку банка извршил неколку уплати за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и дека во штабот на партијата потпишал уплатница само во графата на име и презиме, односно лични податоци, и ја оставил таму.

„Не можам да сетам по чие барање беше тоа. Во штабот ниту еден од присутните во судница не беше“, рече сведокот.

Како втор сведок на денешното рочиште за „Титаник” беше и Елида Кецкаровска од Скопје. Таа во својот исказ рече дека е невработена и дека никогаш не била вработена.

Обвинителката Лиле Стефанова ја праша дали во 2011 година имало уплатено 60.000 денари како донација на некоја политичка партија, на што Кецкаровска одговори дека ниту еднаш за никоја политичка партија не донирала, ниту еден железен денар.

„Познато ми е дека постои уплатница во вредност од 60 илјади денари платено за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година, но таа уплатница не е моја. За оваа уплатница дознав кога ме повикаа во СЈО. Токму од таму ми ја предочија уплатницата во оргинална форма“, изјави сведокот Кецкаровска.

Таа потенцираше декане познава ниту еден од обвинетите во судницата.

Иако беше најавено дека ќе сведочат двајца сведоци, во судницата се појави и третиот сведок Анета Каровчева од Скопје.

Таа како и претходните двајца сведоци појасни дека дознала оти е на листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ кога добила покана од СЈО да сведочи.

„Немам уплатено, рече сведокот, која дополни дека ниту на друго лице не му дала пари за да уплати во нејзино име донација за партија„, рече сведокот.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

И.Р.

Слични содржини