Битолчанецот Лука Дамчевски во првото свое учество на Водици успеа да го пронајде положениот свет крст во водите на црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј”.
Пред голем број верници чиноначелствуваше митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, на сите им посака добро здравје и го положи светиот крст кој го бараа 25 учесници, а најсреќен и највешт беше средношколецот Лука Дамчевски.