152
Белорускиот суд во понеделник ја осуди лидерката на опозицијата во егзил, Светлана Тихановска, на 15 години затвор, јави државната новинска агенција „Белта“, пренесува „Дојче веле“.
Тихановска, на која ѝ се суди во отсуство, побегна од Белорусија откако се кандидираше за претседател во 2020 година против актуелниот лидер Александар Лукашенко.
По изборите следеа масовни протести, при што опозицијата и западните влади тврдеа дека гласањето било наместено.
Демонстрациите беа најголеми и најдолги откако Лукашенко дојде на власт во 1994 година. Режимот започна брутална акција против демонстрантите и повеќе од 35.000 луѓе беа приведени.
На Тихановска ѝ се судеше заедно со уште четворица опозиционери, исто така во отсуство.