„Поголемиот број на момци, на мои години имаа куче, јас имав камера“ е изјавата на фотографот Брус Дејвидсон (1933), со која се обиде да ја објасни неговата фасцинација со оваа изразна форма од најмлади години. Според него, животот е тој кој не учи постојано да се откриваме себе си, не обликува светот, и ние можеме да влијаеме на тоа. Познат по реализмот, тој го портретира светот околу себе, обичниот човек во секојдневието и остава силно влијание во американската фотографија.