Веста дека војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон по трет пат е бремена брзо го обиколи светот. Симпатизерите на кралското семејство се натпреваруваат да ги поздравуваат Кејт и Вилијам за добрата вест.
Некој корисници на социјалните мрежи нудат и име за очекуваното трето бебе (се разбира шеговито имиња). Има и иронични коментари на оваа тема како на пример: “Зошто Кејт Мидлтон објави дека повторно е бремена на роденденот на Бијонсе? Многу грубо, ако мене ме прашувате”.
Други корисници на социјалните мрежи потсетуваат дека принцот Хари оди уште поназад во редот за да го заземе тронот – 6-ти по ред. И се шегуваат дека за него веста може и да не е толку радосна.