Светска банка: Штета на украинската инфраструктура околу 60 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Според првите проценки на Светска банка, штетите од војната врз зградите и инфраструктурата во Украина достигнале околу 60 милијарди долари, објави меѓународната финансиска институција.

Проценките не ги вклучуваат зголемените економски трошоци од војната.

„Оваа сума ќе продолжи да расте како што војната напредува“, рече претседателот на Светската банка (СБ), Дејвид Малпас, на прес-конференција во Вашингтон, каде што се одржува пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и СБ, пренесе „Гардијан“.

Слични содржини