Светски ден на предвремено родените деца, за 5 пати во 5 години намалена смртноста на прематурусите во нашата држава

од Nikola Popovski
227 прегледи

Денеска се одбележува Светскиот ден на предвремено родените деца – 17 Ноември. Владата на Република Северна Македонија се приклучува кон одбележувањето на овој ден со цел да се подигне свеста за предизвиците и за товарот на предвременото породување и како да се овозможат најдобрите здравствени услови за предвремено родените деца да преживеат и да напредуваат.

Разбирајќи ја потребата за соодветна грижа на предвремено родените деца, од Владата на Република Северна Македонија велат дека посветено работеле и продолжуваат да работат на обезбедување на сите неопходни услови во здравствените установи за да се излезе во пресрет на потребите на овие деца.

Како што истакнуваат, во последниве пет години за пет пати е намалена смртноста на прематурусите, односно од 25 отсто во 2016 година на 5,6 отсто во 2023 година, што се должи и на сериозните напори на Владата за инвестирање во подобрување на условите во здравствените установи.

-Трендот на зголемени вложувања во капиталните инвестиции во здравствениот сектор и стимулирање на работата на вработените во јавните здравствени установи со зголемени плати ќе продолжи и понатаму. Еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија е создавање на соодветни услови за здрав и квалитетен живот на сите наши граѓани, стои во владиното соопштение.

Слични содржини