Смртноста од „Ковид-19“ значително се намали со доаѓањето на потоплите денови, според студијата на меѓународната група на научници направена во осум европски и 15 кинески болници.
Хрватскиот микробиолог професор Гордан Лауч, еден од членовите на групата од 51 научник, вели дека ова е голема студија која го покажува сезонскиот ефект на вирусот САРС-КоВ-2, во кој биле опфатени 6.914 пациенти хоспитализирани за коронавирус и 37.187 лица кои самостојно пријавиле симптоми на корона во Велика Британија.
– Се следеше индивидуалниот тек на болеста на 6.914 хоспитализирани пациенти. Во сите болници е забележано дека смртноста значително е намалена. За тоа има неколку можни објаснувања, но истражувањето сугерира дека најверојатното објаснување е промената на температурата, т.е. доаѓањето на пролетта – вели Лауч и потенцира дека вирусот не е променет, но тоа е ефект што е последица на состојбите во кои вирусот влијае на луѓето.
Тој исто така објасни дека молекуларните механизми кои ја поткрепуваат сезонската природа на респираторните вируси вклучуваат два клучни елементи: гликани и влажност на воздухот.
– Проблемот во грејната сезона е што релативната влажност на загреаните места е многу мала, што ја деактивира нашата мукозна бариера и дозволува вирусите полесно да се шират – вели Лауч.
Според него, се чини дека престанокот на загревањето ја намалила сериозноста на симптомите во цела Европа, но тоа за жал значи дека вирусот всушност не е променет.
Затоа, посочува тој, на почетокот на сезоната на греење, би можеле повторно да имаме потешки форми на заболување, рече Лауч за „Вечерњи лист“.
Во грејната сезона без дополнително навлажнување, во загреани простори, релативната влажност може да биде под 20 проценти, што, како што вели, ја суши нашата мукозна бариера и спречува ефикасно отстранување на вирусот, што влијае на прогресијата на болеста.
Како што изјави на својата страница на Фејсбук, во моментот има помалку смртни случаи во повеќето делови на светот, а бројот на тешки случаи е намален, но сè уште не е јасно дали намалениот број на тешки случаи е последица на сезоната или намален број на инфекции заради социјално дистанцирање.
Лауч исто така вели дека покрај тоа што влијае на преносот на вирусот, топлото време може да влијае и на способноста на луѓето да се борат со вирусот и со тоа да спречат развој на тешка болест.
Иако во моментов се добри вести, посочува Лауч, тоа за жал значи дека со враќањето на зимата, може пак да настапи потежок „зимски“ КОВИД-19.
– И, се чини дека тоа го гледаме токму сега во јужната хемисфера, каде што сега почнува зимата, а ние гледаме се повеќе и посериозно болни луѓе – изјави проф. Лауч.
Сепак, ниту научниците не се единствени. Проф. Стипан Јоњиќ, раководител на Катедрата за хистологија и ембриологија и раководител на Центарот за протеини на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Риека, вели дека засега нема уште цврст научен доказ за поддршка на тезата за сезонската форма на новиот вирус корона.
– Науката секогаш бара потврди, така е, но јас никогаш не би се расправал со моите колеги или не ги доведував во прашање, никако – рече тој и ја наведе Индија како пример, каде, како што вели, ситуацијата со вирусот сега е страшна, и е многу жешко – Значи, не гледам дека топлината помогна таму, односно дека се покажала сезоналност на вирусот. Но, можеби грешам, тоа е можно, се разбира – дозволува Јоњиќ.