Во светски рамки 4,2 милијарди луѓе живеат без безбеден пристап до санитацијата, а 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареја како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете. Постигнување санитарни услови за сите до 2030 година – една од целите за одржлив развој 6, е целта на одбележувањето на Светскиот ден на тоалетите – 19 Ноември.
Од НВО Новинари за човекови права посочуваат дека во своите напори да обезбеди правичен пристап до вода и санитација потсетуваат дека тоалетите спасуваат животи, бидејќи човечкиот отпад шири убиствени заболувања.
„Светскиот ден на тоалетите е инспиративна акција за справување со глобалната санитарна криза. И, да не заборавиме – тоалетот не е само тоалет. Тој е спасител на животи, заштитник на достоинството и создавач на можности. Кој и да сте, каде и да сте, санитарните услови се вашето основно човечко право. Македонија е високо на мапата на држави во кои имаме правичен пристап до вода и санитација. Но, да не заборавиме дека неопходно е уште многу работи да направиме ако сакаме да ја постигнеме Целта 6 од ЦОР“, стои во соопштението.
Воедно, посочуваат дека кај нас се уште децата во училиштата во рурални средини немаат достоинствени услови во пристап до тоалетите, тие не ги задоволуваат стандардите на СЗО, најчесто не се чисти, немаат средства за лична хигиена (сапун, хартија) и нема соодветно селектирање на отпад.
„Нема ни едно училиште кое ги задоволува стандардите за менструална хигиена, за работниците на отворено нема пристап до тоалет, такси возачите се уште немаат пристап до тоалет. Во Скопје, и другите градови нема јавни тоалети (во Скопје има два и најчесто се затворени)“, наведуваат од Новинари за човекови права.
Во светски рамки, посочуваат, ситуацијата е многу под очекуваното ниво. Колку за илустрација – 4,2 милијарди луѓе живеат без безбеден пристап до санитацијата, повеќе од половина од глобалното население, 673 милиони луѓе сè уште практикуваат отворена дефекација ширум светот, несоодветната санитација се проценува дека предизвикува 432.000 смртни случаи на дијареја секоја година и е главен фактор за болести како што се цревни инфекции, трахома и шистозомијаза.
Се проценува дека 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареја како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете. Децата под пет годишна возраст кои живеат во земји погодени од долготраен конфликт, во просек, скоро 20 пати имаат поголема веројатност да умрат од дијарејални заболувања предизвикани од недостаток на безбедна вода, канализација и хигиена отколку оддиректно насилство.
Болестите поврзани со вода и канализација чини многу земји до пет проценти од БДП. Од Новинари за човекови права, псопчуваат дека во своите напрои да ја постигне Целта 6 од ЦОР и да ги потсети властите на потребата од овозможување правичен пристап до вода и санитација на сите нејзини граѓани спроведе Кампања насоцијалните мрежи за #достоинствентоалет.