Светскиот економски форум во Давос закажан за мај

од Vladimir Zorba

Светскиот економски форум ќе го одржи годишниот состанок за 2022 година во швајцарскиот град Давос од 22 до 26 мај, соопштија организаторите од Женева.

Во декември, форумот го одложи настанот за деловната и политичката елита за еден месец поради тешкотии во организирањето на конференција со директни средби за време на ширењето на „омикрон“ варијантата на коронавирусот.

– По сите виртуелни средби што се одржаа во последните две години, лидерите од политиката, бизнисот и граѓанското општество треба конечно повторно да се сретнат лично – изјави основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб.

Меѓу темите на состанокот ќе бидат закрепнувањето од пандемијата, решавање на климатските промени, градење подобра иднина за работа, развој на капитализмот и користење на технологијата за потребите на четвртата индустриска револуција, рече Шваб.

Форумот тесно ќе се координира со швајцарските власти кога станува збор за здравствената состојба.

Слични содржини