Светските ѕвезди кои, верувале или не, ќе наполнат 50 години во 2019

од Vladimir Zorba
143 прегледи

50-годишнината е очигледно новата 30-годишнина, барем кога е во прашање Холивуд. Повеќето ѕвезди, кои треба да го исполнат својот јубилеј од половина век оваа година, изгледаат апсолутно неверојатно за нивната возраст.

Дури може да се каже дека изгледаат подобро отколку кога биле помлади. Тоа категорично важи за Џенифер Лопез и за нејзината имењачка Џенифер Анистон кои ќе влезат во клубот на 50-годишните во следните месеци.

Само пред неколку дена светот го поздрави големиот спортист Михаел Шумахер, кој наполни 50 години, иако во тешка здравствена состојба.

Оваа година, на 14 јуни, друга топспортистка од германско потекло – тенисерката Штефи Граф, сопруга на Андре Агаси, исто така ќе го слави својот јубилеј од половина век.

Проверете во нашата галерија кој од шоу-бизнисот на врвот на светот покрај Џеј Ло, е роден во 1969 година.