Пролетта веќе е на самиот праг, а тоа се забележува и по достапноста на што повеќе свежи намирници на пазарите и во маркетите.
Токму овие намирници ќе ви помогнат да изгледате подобро и ќе ја обноват важата кожа, а тенот ќе ви биде поблескав и посвеж благодарение на нив.
Во текот на пролетта и на прагот на летото, збогатете ја вашата исхрана со следниве намирници:
1. Моркови
Бета-каротенот од морковите ја заштитува кожата од сончевите зрачења, но и од слободните радикали, кои можат да бидат причини за раната појава на брчки. Него го има и во тиквата и слаткиот компир.
2. Спанаќ
Зеленчуци кои содржат најмногу витамин Ц се листестите зеленчуци, како блитвата и спанаќот. Тие исто така имаат антиоксидативен ефект. Доколку редовно имате спанаќ во неделното мени, го подобрувате природниот процес на создавање колаген, со што вашата кожа станува поеластична.
3. Домат
Благопријатното дејство на доматите врз здравјето се должи на ликопенот, кој ги намалува ризиците за срцеви болести и мозочен удар. Ликопенот исто така е тип на каротеноид и ефикасно ја штити кожата од влијанијата на сончевите зраци. Комбинирајте ги доматите со маслиново масло, за ликопенот подобро да се апсорбира во вашето тело.
4. Боровинки
Боровинките се богати со витамин Ц и Е, но и со многу антиоксиданти, кои дејствуваат врз оштетувањата кои доаѓаат од слободните радикали. Исто така, можат и да ги осветлат дамките на кожата.