Марија Бошковска-Јанковска, советничка од НСДП сведочеше во судскиот процес за предметот на СЈО Насилства и шамари во Центар, посочувајќи го обвинетиот Александар Трајковски како еден од најбруталните напаѓачи во јуни 2013 година, кога беше искршена Општина Центар, јави СДК.

„Ме навредуваше со зборови најпогрдни за една жена: ‘Комуњарко, свињо дебела, курво’. Бидејќи е висок, а бараката и прозорците ниски, можеше буквално да ме дофати. Зеде скршено стакло да ме гаѓа. Даниела Рангелова ме спаси и фала ѝ пред сите за тоа!”, сведочеше советничката.
Во судницата, рече, го нема повозрасниот висок човек, „кој се соблече гол пред мене и го покажа својот полов орган“.
Во овој судски процес има уште еден сведок, па на ред се материјални докази и сведоци на одбраната. Ќе се пуштаат за првпат бомби за овој судски процес.
На избеганиот Никола Груевски му се суди во отсуство.
Судењето продолжува на 26 јануари./СДК