161
Вкусни свински ребра со лук и рузмарин.
СОСТОЈКИ:
4 свински ребра
4 гранчиња рузмарин
4 чешниња лук
1 лажичка бибер
4 лажици масло
сол
мелен бибер
зачин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете прелив од ситно сечкан лук, масло и рузмарин, па со тоа премачкајте ги ребрата, потоа посипете со бибер од двете страни. Зачинете ги по вкус.
Загрејте и намастете скара, па наредете го месото и испечете го. Повремено премачкувајте со рузмарин натопен во масло и лук. Сервирајте со зеленчук печен на скара.