Свитолина: Трамп веќе нè повреди, но нема да се предадеме

од Nikola Popovski
18 прегледи

Елина Свитолина, најдобрата украинска тенисерка, не се двоумеше веднаш да реагира на инцидентот на средбата меѓу двајцата претседатели, Володимир Зеленски и Доналд Трамп.

„Трамп штотуку започна и веќе донесе неколку одлуки кои многу ја погодија Украина“, порача Свитолина за „Њујорк Тајмс“, која беше најгласна меѓу спортистите во нејзината земја кога станува збор за осуда кон Русија од почетокот на војната.

„Затоа треба да се обединиме уште повеќе. Нема да се предадеме“, додала таа.

Тенисерката не крие колку е загрижена за се што се случи во Белата куќа.

„САД ни помагаат многу долго. Се соочуваме со неверојатни предизвици и никој не знае што не чека утре. Бидејќи Америка не ни помогна во последните недели, треба уште повеќе да се обединиме“, посочила тенисерката.

На третата годишнина од избувнувањето на војната, 23. светска тенисерка истакнала за „Национал“ од Дубаи:

„Се чувствувам како да имам мисија, дека имам платформа со која можам да работам и да го свртам вниманието на она што се случува, да му помогнам на украинскиот народ да се обедини и да се бори за нашата иднина. Сега најмногу работам на иницијатива за враќање на децата кои беа украдени од Украина. Повеќе од 20 илјади деца исчезнаа“, посочила тенисерката.

Иако многумина ќе речат дека и е полесно да се бори со рекет на турнирите отколку да биде на боиштето со оружје, факт е дека Свитолина може многу повеќе да има корист од нејзините постојани активности во медиумите, отколку да е на фронтот. Во текот на овие три години војна, таа не престана да дава максимален придонес на свој начин и покажа како се бори за својата земја.

Слични содржини