СВР Тетово: Кривични за влегување на фудбалски терен и прекршување на ковид мерките

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот ФК Шкендија- ФК Шкупи и со тоа ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид 19 , соопштија од тетовската полиција.

– Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе
бидат изготвени поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Слични содржини