318
Според податоците на тетовската полиција, во Полошкиот регион има 2424 лица на кои им е издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од СВР Тетово велат дека заклучно со денес, во тетовско се 1386, а 1038 се од гостиварско.
Што се однесува до лицата кои во текот на овој месец не ги почитувале решенијата за изолација и при контролите не биле во домовите, до денеска нивниот вкупен број изнесува 142, информираат од СВР Тетово.
Загрижувачки останува фактот дека во Тетово само синоќа починале 10 пациенти, додека во последните 14 дена, вкупно 54 лица ја загубија битката против Ковид-19.