Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“ вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти.
Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши.
Претходно, во текот на вчерашниот ден Курти беше во посета на Општина Тетово, а потоа со градоначалникот Биљал Касами заедно го посетија планинското село Вејце.