315
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година имало „алармантно“ зголемување на случаите на мали сипаници во Европа – речиси 45 пати повеќе отколку во 2022 година.
Како што предупредуваат експертите, бројот на заболени се уште се зголемува и потребни се „итни мерки“ за да се спречи натамошното ширење на морбилите.
Околу 42.200 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со вкупно 941 во 2022 година, јавува Би-Би-Си.