Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот апелираше за финансирање од 1,5 милијарди долари за здравствените потреби на милиони луѓе во десетици хуманитарни кризи ширум светот.
„Наша цел е да допреме до околу 87 милиони луѓе и да им обезбедиме хуманитарна помош за спасување на животите“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
„За да го направиме ова, ни требаат 1,5 милијарди долари поддршка и ни треба овие средства да пристигнат што е можно поскоро и со што е можно поголема флексибилност… Реактивен пристап не е доволен“, рече тој.
Тедрос рече дека околу 166 милиони луѓе ќе имаат потреба од здравствена заштита ширум светот оваа година, вклучително и во окупираните палестински територии, Украина, Хаити и Судан.