СЗО бара од претседателот на Сирија да отвори повеќе гранични премини со Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Официјални лица на Светската здравствена организација (СЗО) побараа од претседателот на Сирија, Башар ал Асад, да дозволи отворање на повеќе гранични премини со Турција и на тој начин да овозможи испорака на помош во областа на северот на Сирија, сериозно погодена од земјотресот.

„Побаравме (Асад) да дозволи дополнително прекугранично движење преку пристапните точки, а тој одговори дека е отворен за таа можност“, рече директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус денеска на брифинг во Женева, пренесува „Ројтерс“.

Во понеделникот беа отворени два гранични премини преку кои хуманитарни конвои влегуваат во Сирија и доставуваат помош до загрозениот северозапад од таа земја.

Слични содржини