СЗО: Бројот на заразени расте со загрижувачка брзина на глобално ниво

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на заразени со коронавирус расте со застрашувачка брзина и дека тој се зголемува двојно неделно и дека бројката се приближува до највисоката стапка на инфекција од почетокот на пандемијата.

Организацијата соопшти дека минатата недела биле регистрирани 541.960 случаи на новоинфицирани лица, додека на 22 февруари, по шест недели пад на бројот на заразени лица, имало само 194.469 неделно, пренесува „Гласот на Америка“.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, рече дека земјите кои избегнале ширење на инфекцијата во претходниот период сега бележат зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус. Тој го илустрираше ова со примерот на Папуа Нова Гвинеја, која, пред почетокот на оваа година, објави помалку од 900 заразени и само девет мртви, а денес има повеќе од 9.300 заразени и 82 мртви.

Директорот на СЗО рече дека овој пример покажува колку е важна вакцинацијата и додаде дека програмата COVAX, која би требало да обезбедува вакцини за сиромашните земји, досега дистрибуирала околу 40 милиони дози, што е доволно за заштита на 0,25 проценти од светската популација.

Слични содржини