Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на колера во 31 земја се влошува, дека бројот на жртви од болеста се зголемува и дека досега од колера починале 4.738 лица.
СЗО посочи дека случаите на колера се шират глобално и дека стапката на смртност се зголемува.
„Со оглед на обемот и меѓусебно поврзаниот карактер на епидемиите, ризикот од понатамошно ширење во рамките на и меѓу земјите е многу висок“, се вели во извештајот на СЗО.