СЗО и Бил Гејтс имаат нов план

од Stefanija Kuzmanovska

Новата кампања за масовно прибирање финансиски средства има за цел да инспирира 50 милиони луѓе ширум светот да направат мали донации за Ковакс.

Акцијата се одвива како дел од меѓународните напори за еднаква дистрибуција на вакцини против коронавирус, објави АП.

Наречена Go Give One, кампањата ја започна Фондацијата на Светската здравствена организација, како и корпоративни, верски и светски лидери.

Првичните пари беа обезбедени од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Кампањата се очекува да донесе 3 милијарди долари за програмата Ковакс потребни за вакцинирање на најмалку 30 проценти од луѓето во 92 земји со ниски примања следната година.

Таа поддршка ќе дојде од донатори кои придонесуваат во кампањата Go Give One, како и договори за поделба на трошоците.

Пред тоа, 6,3 милијарди долари дадени на Ковакс доаѓаа првенствено од владите на бројни земји, како и од СЗО, УНИЦЕФ и Коалицијата за борба против епидемијата.

Слични содржини