185
Светската здравствена организација денеска соопшти дека глобалните залихи на вакцини против колера „во моментов се исцрпени или екстремно ниски“ поради повторното заживување на болеста ширум светот.
СЗО соопшти дека околу 30 земји ширум светот пријавиле епидемии на колера оваа година, што е за една третина повеќе од годишниот просек, пренесува „Ројтерс“.
„Немаме повеќе вакцини. Сè повеќе земји продолжуваат да ги бараат, и ова е голем предизвик. Сите произведени вакцини се веќе дистрибуирани“, рече Филип Барбоза, лидер на тимот за колера и епидемични заболувања во Светската здравствена организација.