СЗО ја предупреди Москва за вакцините

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја повика Русија, која во понеделникот објави дека има намера да започне масовно производство на вакцината во септември и да го прошири производството на „неколку милиони“ дози месечно следната година, да се придржува до упатствата за производство на безбедна и ефикасна вакцина, пренесува АФП.

Според СЗО, сите кандидатски компании за производство на вакцина мора да поминат низ целосните фази на тестирање пред да започнат со производство.

„Постојат воспоставени практики и постојат насоки за тоа“, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер пред новинарите во Обединетите нации во Женева.

„Понекогаш некои истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што е, секако, добри вести како такви. Но, постои голема разлика помеѓу откритието и сфаќањето дека може да има вакцина што функционира и нејзино поминување низ сите фази“, додава Линдмаер.

Некои западни научници изразија загриженост за брзината на развој на руските вакцини, посочувајќи дека истражувачите може да бидат под притисок на властите да понудат решение што е можно поскоро.

Прегледот на кандидатите за вакцина против коронавирус на Светската здравствена организација, објавен во петокот, наведува дека 26 кандидати се во клиничка проценка – од кои шест напредувале на пошироко ниво на испитувања од трета фаза.

Кандидатот на Русија, Гамалеја, чија вакцина е една од 26 тестирани врз луѓето, е во првата фаза, според СЗО.

Слични содржини