СЗО ја заврши посетата на Вухан, Кина сака сега тие да заминат во САД

од Nikola Popovski
113 прегледи

Кина ги повика САД да ја поканат Светската здравствена организација да го испита потеклото на коронавирусот таму, откако тимот на СЗО ја заврши студиската посета на кинескиот град Вухан, од каде се веруваше дека потекнува вирусот.

Неколку часа откако тимот на СЗО ги објави прелиминарните резултати од истрагата за Вухан, Вашингтон соопшти дека сака подетално да ги проучи резултатите на тимот, кој заклучи вирусот што го предизвика Ковид-19 не потекнува од лабораторијата во Вухан и дека лилјаците се најверојатно извор на инфекција .

„Ние би сакале американската страна, како Кина, да има отворен и транспарентен став и да ги повикаат експертите на СЗО во САД да го испитаат потеклото на вирусот таму“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбинг.

Потеклото на пандемијата на коронавирусите, која првпат се појави во Вухан на крајот на 2019 година, е многу политизирана, а Кина се повеќе ја промовира идејата дека вирусот потекнува надвор од нејзините граници.

Секретарката за медиуми на Белата куќа, Џен Псаки рече дека администрацијата на Џо Бајден не учествува во „планирањето и спроведувањето“ на истрагата на СЗО и дека тие сакаат независна анализа на наодите и податоците на тимот.

„Дали САД треба независно да ги испитаат податоците на СЗО? СЗО е таа што треба да ги истражува американските податоци“, рече Ху Ксијин, главен уредник на Глобал Тајмс.

Питер Бен Ембарек, кој го предводеше тимот на СЗО, кој помина четири недели во Кина, од кои двајца беа во карантин, рече дека нивната истрага не ја промени драматично нашата перцепција за епидемијата, но рече дека вирусот можел да ги преминал границите пред да пристигне во Вухан.

Покрај тоа што ја исклучи можноста вирусот да избегал од лабораторијата, тој рече дека е можно вирусот да се пренесе преку замрзната храна, што е теза за која се залага Пекинг.

Заклучокот на СЗО „целосно ги отфрла теориите на заговор застапувани од некои противници на Кина, како поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, кој го обвини Институтот за вирусологија во Вухан за протекување на вирус од нивната лабораторија“, наведува Глобал тајмс.

Помпео, потсетува Ројтерс, рече дека има „значителни докази“ дека новиот коронавирус потекнува од кинеска лабораторија. Кинеските власти во последните месеци тврдат дека вирусот потекнува од други области надвор од Кина.

Слични содржини