СЗО: Копнените операции на југот на Газа ќе отсечат илјадници луѓе од здравствена заштита

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Копнените операции на Израел во јужниот дел на Газа би можеле да лишат од здравствена заштита илјадници Палестинци, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Интензивирањето на воените копнени операции во јужниот дел на Газа, особено во Кан Јунис, веројатно ќе отсече илјадници луѓе од здравствената заштита, особено од пристапот до медицинскиот комплекс Насер и Европската болница во Газа, двете главни болници во јужна Газа, како што се зголемува бројот на повредени и болни, се вели во соопштението на СЗО, пренесува Си-Ен-Ен.

Се известува дека само 18 од 36-те болници сè уште функционираат во Газа, но само делумно обезбедуваат услуги.

СЗО додава дека 12-те болници во јужна Газа се „р’бетот на здравствениот систем“.

Слични содржини