СЗО: Мајмунските сипаници се умерен ризик за јавното здравје

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека мајмунските сипаници во моментов претставуваат „умерен ризик“ за јавното здравје на глобално ниво, откако се пријавени случаи во земји каде што досега не биле присутни.

„Ризикот за јавното здравје може да се зголеми ако вирусот ја искористи можноста да се појави како човечки патоген и да се прошири на високоризичните групи, како што се малите деца и луѓето со ослабен имунолошки систем“, соопшти СЗО, пренесе „Ројтерс“.

До 26 мај, потврдени се 257 случаи на мајмунска сипаница, а уште 120 се сомнителни во 23 земји кои не се ендемични за вирусот.

Слични содржини