356
Одборот за вонредни состојби на Светската здравствена организација соопшти денеска дека издал препорака до земјите-членки да не бараат сертификати за вакцинација за меѓународните патувања.
Документот препорачува доказ за вакцинација да не биде поставен како услов за влез во странска земја, имајќи предвид недоволно докази за влијанието на вакцинацијата врз намалувањето на ширењето на коронавирусот и одржувањето на состојбата на нееднаква глобална дистрибуција на вакцините, пренесува „Ројтерс“.
„Од земјите-членки се очекува да потврдат дека барањето докази за вакцинација потенцијално ќе ги продлабочи нееднаквостите и ќе промовира кршење на правото на слобода на движење“, се вели во соопштението.