СЗО: Најверојатна причина за короната се дивите животни

од Nikola Popovski
293 прегледи

Еден од водачите на неодамнешната мисија на Светската здравствена организација, која престојуваше во Кина за да го испита потеклото на коронавирусот, Питер Дашак, очекува дека во следните неколку години ќе се открие што ја започнало пандемијата. Според него, трговијата со диви животни е најверојатното објаснување за појавата на Ковид-19 во Вухан.

Дашак истакнал дека собраните научни истражувања може да доведат до откривање на начинот на кој животните кои биле носители на Ковид-19 ги ​​заразиле првите луѓе во Вухан.

„Имаше пренесување од Вухан до провинциите на југот на Кина, каде што беше откриен најблискиот преносител на вирусот меѓу лилјаците“, нагласил Дашак.

Тој посочил дека оваа хипотеза е најсилно поддржана од СЗО и кинеската страна.

Дашак и другите автори ќе објават извештај, најрано следната недела, за првичните заклучоци од нивната мисија во Вухан. Експертите заклучија дека постои многу мала веројатност дека пандемијата е резултат на несреќа во лабораторијата.

Слични содржини