197
Светската здравствена организација (СЗО) денеска на платформата Икс (Твитер) објави дека поради застрашувачките, повторени израелски напади врз болницата Ал-Шифа во Појасот Газа, се изгубил секаков контакт со таа здравствена установа.
Во последните извештаи од местото на конфликтот во Појасот Газа наведуваме дека болницата е опколена со израелски тенкови, а некои од оние кои се обиделе да побегнат биле изложени на израелски оган во кој биле ранети или убиени.
„СЗО изразува сериозна загриженост за безбедноста на здравствените работници, стотиците болни и повредени пациенти, вклучително и бебињата на апарати за одржување во живот и раселените лица кои се засолниле во болницата“, соопшти СЗО.