284
СЗО ја предупредува јавноста за измама за наводна специјална награда на лотарија за надомест на загуба и на штета во текот на пандемијата од ковид-19 од милион долари.
– Јавноста лажно се информира за наводна награда која ја доделува СЗО во соработка со Меѓународниот монетарен фонд и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за таканаречена награда на лотарија за надомест на штета од ковид-19, пренесува лондонски Гардијан.
Измамниците кои се претставуваат како фирма за финансиско управување од Лондон лажно тврдат дека СЗО ги ангажирала да процесуираат исплати и награди на лотарија ковид-19, се вели во соопштението на СЗО и се додава дека наградата на лотаријата е измама која преку различни канали се спроведува во име на СЗО.