294
Главниот експерт на Светската здравствена организација (СЗО) за мајмунски сипаници, Розамунда Луис, денеска изјави дека не очекува над 300 случаи на таа болест пријавени до денес да прераснат во нова пандемија.
Сепак, таа призна дека се уште има многу непознати, вклучувајќи го и прашањето како точно се шири болеста и дали прекинот на масовната имунизација против сипаници пред неколку децении може да го забрза преносот.
Светската здравствена организација истакна дека мајмунските сипаници во моментов претставува „умерен ризик“ за јавното здравје на глобално ниво.