СЗО ни донираше заштитна опрема на Клиниката за инфективни болести

од Берта Китинска
292 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на СЗО за донацијата во заштитна опрема за Северна Македонија.


„Благодарност до Светската здравствена организација (СЗО) која во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65000 медицински маски, 122000 N95 респиратори, 5200 очила, 10500 заштитни наметки и 91000 ракавици, а вредноста на донацијата изнесува 305.000 американски долари“, напиша Филипче.

Слични содржини