СЗО објави список на габични инфекции кои се закана по глобалното здравје

од Nikola Popovski
456 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) ја состави првата листа на габични патогени кои претставуваат најголема закана за здравјето на луѓето, предупредувајќи дека некои видови стануваат сè поотпорни на лекови и стануваат се пораспространети.

Телото на ОН, кое има слични листи за вируси и бактерии, рече дека габичните инфекции и нивната зголемена отпорност на третман претставуваат зголемен ризик, пренесува Ројтерс.

Сепак, историскиот недостаток на фокус на опасноста значеше дека има огромни празнини во знаењето, како и недостаток на надзор, третман и дијагноза.

Тешко беше дури и да се процени обемот на заканата поради недостаток на податоци, соопшти СЗО, повикувајќи ги владите и истражувачите да направат повеќе за да го зајакнат одговорот на 19-те габи на списокот.

„Излегувајќи од сенката на пандемијата на бактериска антимикробна отпорност, габичните инфекции се зголемуваат и стануваат поотпорни на третмани, станувајќи проблем на јавното здравје ширум светот“, рече д-р Ханан Балки, помошник генерален директор на СЗО за антимикробна отпорност.

Габичните инфекции често ги погодуваат луѓето кои се веќе сериозно болни, како што се пациентите со рак или туберкулоза, а стапката е зголемена кај хоспитализираните пациенти со Ковид за време на пандемијата.

Постојат само четири типа на третман, со многу малку нови опции во развој. Климатските промени, исто така, значат дека инциденцата и географскиот опсег на патогени се прошируваат, истакнаа СЗО, додека отпорноста делумно е поттикната од прекумерната употреба на антифунгални средства во земјоделството.

Списокот ги дели патогените во три категории врз основа на нивните податоци за потенцијалното влијание и ризикот од отпор: критичен, висок и среден приоритет.

Критичната група вклучува Candida auris, која е многу отпорна на лекови и предизвика бројни епидемии во болниците ширум светот, како и Cryptococcus neoformans, Aspergillus fumigatus и Candida albicans.

Високата група вклучува многу други габи од семејството Candida како и други како што се Mucorales, група која содржи габи кои предизвикуваат мукормикоза или „црна габа“, инфекција која брзо се шири меѓу сериозно болните луѓе, особено во Индија, во текот на пандемијата на Ковид-19.

Средната група наведува голем број други габи, вклучувајќи ги Coccidioides spp и Cryptococcus gattii.

Слични содржини