СЗО објави прогноза за следната година: Дали не очекува истиот пекол?

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека ќе има застои и нови предизвици во новата година, повикувајќи да се интензивираат напорите за да се обезбеди откривање на новите варијанти на коронавирусот.

Говорејќи на онлајн прес-конференција во Женева, Тедрос предупреди дека ќе има назадувања и нови предизвици во новата година, повикувајќи се на појавата на новите видови на коронавирус, но апелираше да им се даде помош на луѓето на кои им е тешко да продолжат да се борат, затоа што се изморени од пандемијата.

Тој додаде дека СЗО тесно соработува со научници ширум светот за подобро разбирање на промените во вирусот и нивното влијание.

Во таа смисла, Тедрос ја истакна важноста од зголемување на капацитетот за геномско секвенционирање низ целиот свет, како и споделување информации со Агенцијата за здравство на ОН и други земји.

Нов вид на коронавирус, откриен во Велика Британија и Јужна Африка и кој се чини дека е позаразен, предизвика загриженост низ целиот свет и доведе до воведување нови ограничувања за патувања овој месец.

Слични содржини