Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека избрала 25 експерти кои повторно ќе го истражат потеклото на коронавирусот, по претходниот тим што беше во Кина, каде што вирусот првпат се појави на крајот на 2019 година.
Меѓу предложените членови на новиот тим се холандскиот вирусолог Марион Копман и Теа Фишер од Данска, кои беа во тимот на СЗО што ја посети Кина во февруари.
Тие неодамна коментираа дека истражувањата за потеклото на Ковид-19 се „закочени“, а кинеските власти продолжуваат да одбиваат да дадат какви било податоци.
Откако тимот на СЗО ја заврши посетата на Кина, експертите објавија извештај во кој истражувачите ја окарактеризираа теоријата дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан како „крајно неверојатно“, што предизвика критики и сомневања кај голем број научници дека оваа можност не беше соодветно тестиран.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус подоцна призна дека потенцијалната врска помеѓу пандемијата и теоријата за истекување од лабораторија е исклучена „прерано“.
Бројни здравствени експерти и научници побараа независна истрага надвор од СЗО, истакнувајќи дека агенцијата нема овластување да ги принудува земјите, вклучително и Кина, да соработуваат.
Кина соопшти дека ги поздравува понатамошните истражувања за потеклото на вирусот, но во други земји.
Неодамнешната анализа на американското разузнавање по наредба на претседателот Џозеф Бајден не откри убедливи докази дали коронавирусот потекнува од лабораторија.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека трендот на намалување на нови случаи на Ковид, како и смртните случаи, а единствен исклучок е Европа, каде што бројките се зголемуваат.