СЗО: Околу 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од последиците од земјотресот

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од последиците од земјотресот кој на 6 февруари ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), која вети долгорочна поддршка по првото испраќање итна помош.

„Мапите на локацијата на земјотресот покажуваат дека 23 милиони луѓе се потенцијално загрозени, вклучително и околу пет милиони од ранливите категории“, рече претставникот на СЗО Аделхајд Марчанг на прес-конференција.

„Цивилната инфраструктура и потенцијално здравствената инфраструктура е оштетена низ погодениот регион, главно во Турција и северозападна Сирија“, рече таа. „СЗО проценува дека главните незадоволени потреби би можеле да бидат во Сирија“, рече таа пред извршниот комитет на СЗО во Женева.

„Во тек е трка со времето“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, додавајќи дека здравствената агенција на ОН итно испраќа помош во областа. „Мобилизираме резерви за итни случаи и ја активиравме мрежата на тим за итна медицинска помош на СЗО за да обезбедиме основна здравствена заштита на повредените и најранливите“, рече тој.

Слични содржини