СЗО: Омикрон е особено опасен за невакцинираните

од Nikola Popovski

Омикрон сојот на коронавирус е особено опасен за оние кои не биле вакцинирани против Ковид-19, објави Светската здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека иако вакцините остануваат многу ефикасни во спречувањето на тешка форма на болест, тие не го спречуваат целосно преносот.

„Иако омикрон предизвикува помалку тешка болест од делта сојот, тој сепак е опасен вирус, особено за оние кои не биле вакцинирани“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус на прес-конференција.

Во Африка, како што наведе, повеќе од 85 отсто од луѓето допрва треба да примат една доза од вакцината.

„Не можеме да ја завршиме акутната фаза на пандемијата ако не го затвориме овој јаз“, рече Гебрејесус, истакнувајќи дека 90 земји во светот сè уште не достигнале 40 отсто од вакцинираното население и дека 36 земји сè уште се под 10 отсто.

„Огромното мнозинство луѓе во болниците ширум светот се невакцинирани“, додаде тој.

Слични содржини