707
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е потврдена смрт кај еден пациент како последица на првата лабораториски потврдена инфекција од сојот на птичји грип.
СЗО соопшти дека 59-годишен Мексиканец починал на 24 април откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесува Ројтерс.
„Ова е прв лабораториски потврден човечки случај на инфекција со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни“, се вели во соопштението на СЗО.
Случаи на сојот А(Х5Н2) птичји грип претходно биле пријавени кај живината во Мексико.