СЗО ПОТВРДИ: Вакцината на „АстраЗенека“ не доведува до формирање на згрутчување на крвта

од Stefanija Kuzmanovska

Безбедносниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека податоците за имунизација против коронавирусот со вакцината на „АстраЗенека“ не укажуваат на какво било сеопфатно зголемување на формирање на згрутчување на крвта, но дека ќе продолжи да ги следи нејзините ефекти.

„Вакцината на АтраЗенека продолжува да има позитивен профил кога станува збор за доблести и ризици, со огромен потенцијал да спречи инфекција и да ги намали смртните случаи ширум светот“, соопшти панелот на СЗО, пренесува „Ројтерс.“

Изјавата е издадена по состанокот на независни експерти на тој советодавен одбор одржан во вторник и четврток.

Слични содржини