152
Во светот во изминатиот ден се регистрирани повеќе од 570.000 нови случаи на коронавирус, а починаа скоро 11.500 лица, објави вечерва Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, моментално во светот се заразени 76,85 милиони луѓе, а 1,71 милиони починале.
Бројот на заразени во последните 24 часа се зголеми за 570.357, а починаа 11.496 лица, пренесува ТАСС.
Во Јужна Америка, евидентирани се над 43 проценти од новите случаи, 247.875.
Следува Европа со 244.053 случаи, а трета е Југоисточна Азија со 34.484 случаи.