Земјите кои нарачуваат вакцини да дадат трета доза на веќе вакцинираната популација не треба да го прават тоа се додека имаме земји во кои граѓаните не ја примиле ниту првата доза на вакцината, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот.
Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус предупреди дека смртноста од КОВИД-19 повторно расте, дека делтата варијантата на коронавирус станува доминантна и дека многу земји сè уште не добиле доволно дози на вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Тој потсети дека делта сојот, многу позаразна варијанта што прв пат беше откриен во Индија, сега се шири во 104 земји.