СЗО предупредува: Британскиот и јужноафриканскиот тип на ковид забрзано се шират

од Берта Китинска
282 прегледи

Нoва, позаразна варијанта на ковид-19, која за прв пат беше откриена во Велика Британија, се прошири во 70 земји, пред повеќе од една недела, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во последниот епидемиолошки извештај, агенцијата на Обединетите нации наведува дека варијантата на вирусот корона откриена во Јужна Африка минатата недела се прошири во уште осум земји и сега е присутна во 31 земја, пренесуваат светските медиуми.

Се додава дека варијантата откриена во Бразил се прошири во осум земји.

Слични содржини