СЗО предвидува 236.000 смртни случаи од Ковид-19 во Европа во следните три месеци

од Nikola Popovski
302 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) очекува дека ќе има 236.000 смртни случаи поврзани од Ковид-19 во Европа од крајот на август до 1 декември, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во понеделникот во Копенхаген.

Бројот на смртни случаи со короанвирус се зголеми за 11 проценти само минатата недела, рече Клуге.

Црното предвидување доаѓа од Институтот за здравствена метрика и проценка на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.

Зголемувањето на случаите е предизвикано од досега најразниот делта сој, ублажување на многу мерки за јавно здравје во голем број земји и значителното зголемување на бројот на патувања во текот на летото, рече тој.

Има нагло зголемување на бројот на нови инфекции, особено на Балканот, во Кавказ и Централна Азија, додаде Клуге.

Според дефиницијата на СЗО, европскиот регион се состои од 53 земји во Европа, Кавказ и Централна Азија.

Слични содржини