СЗО: Премногу е рано за да се прогнозира крајот на епидемијата на КОВИД-19

од Aleksandar Petrovski
149 прегледи

Светската здравствена организација денеска предупреди дека е „премногу рано“ да се каже дали КОВИД-19  го достигнал својот врв или кога епидемијата ќе заврши и покрај намалувањето на бројот на новозаболени.

– Мислам дека е премногу рано сега да се обидуваме да го прогнозираме почетокот, средината или крајот на оваа епидемија, рече Мајкл Рајан, шеф на програмата на СЗО за  вонредни состојби во здравството.