347
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека минатата недела се зголемил бројот на нови случаи на коронавирус, првпат по седум недели.
Тедрос го нарече ваквото зголемување „разочарувачко, но не изненадувачко“ и ги повика земјите да не ги ублажуваат мерките за борба против ширењето на инфекцијата, пренесува „Ројтерс“.
Досега се регистрирани скоро 15 милиони случаи на коронавирус во светот, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.
Според веб-страницата, досега 114.816.302 лица заболеле од коронавирус, повеќе од 2,5 милиони починале, а повеќе од 90,4 милиони се опоравиле од ковид 19.