СЗО: Регистрирани два нови смртни случаи од мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави два нови смртни случаи од мајмунски сипаници, со што вкупниот број од почетокот на годината се искачи на три и нагласи дека болеста се проширила на нови области.

Според соопштението на СЗО, бројот на случаи на мајмунски сипаници е зголемен за 77 отсто од последниот извештај, на 6.027, а повеќето од нив се регистрирани во европскиот регион, пренесува „Ројтерс“.

СЗО повторно ќе свика состанок на комитетот кој најверојатно ќе предложи глобалната здравствена состојба да се прогласи за епидемија.

Слични содржини